Фрескоживопис во црквата „Св.Димитрија“ во Зрновци
Со одлука на Црковниот одбор на Зрновската парохија, како и со финансиска поддршка на голем број верници, во село Зрновци во полн ек е фрескоживописувањето на црквата „Свети Димитрија“. Овој црковен храм е еден од најстарите обележја на христијанството во овој крај под Плачковица, граден во средината на 19 век.
- Со поддршка на општината, но и на верниците од Зрновци во изминатите неколку години успеавме да ја завршиме целосната реконструкција на црквата која на места беше напукната од свлечиштето на теренот каде што е изградена. По живописувањето на двете нови цркви во селата Мородвис и Видовиште, решивме и во останатите делови од оваа црква каде што нема фрески истите да ги насликаме. Засега рабтите се одвиваат според утврдената динамика, а одѕивот на верниците за донитрање на средства за изработка на фрески во црквата е задоволителен Истите се изработуваат од страна на иконописецот Валентин Ѓурковиќ од Кочани, изјави Лазар Коцев, свештеник во црквата.
Инаку црквата „Св.Димитрија“ располага со мошне богат фонд на икони создадени кон крајот на 19 век од засега непознат автор. Ги има вкупно 65 кои се ставени под заштита на државата. Во црковната библиотека се среќаваат и голем број на книги на црковно-словенски јазик кои датираат од 1833 до 1900 година, зад чии корици тогашните свештеници ја запишувале историјата на зрновскиот крај и пошироко.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација