-->
-->
„Франс футбол“ не ја дава Златната топка
-->

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и групацијата Amaury, која е сопственик на магазинот France Football и весникот L`Equipe, не успеале да постигнат договор околу заедничкото доделување на престижната награда „Златна топка“, што значи дека од 2017 година доделувањето на наградата ќе го врати стариот формат, пренесува весникот весник AS.
ФИФА успеа да издејствува во 2010 година да се вклучи во изборот на фудбалерот на годината, кој од далечната 1956 година го организира France Football, откако двете страни не постигнале договор за продолжување на заедничката организација, изборот се враќа на стариот формат.
Многумина сметаат дека така е подобро, бидејќи во изборот за фудбалер на годината ќе учествуваат познати новинари и уредниците на спортските медиуми од Европа.
Во 2010 година во изборот, за фудбалер на годината, со своите гласови се вклучија капитените и селекторите на националните тимови од целиот свет.
Токму гласовите на капитените и селекторите на „егзотичните“ репрезентации решаваа дали Меси или Роналдо ќе ја освојат „Златната топка“.
За очекување е дека откако двете страни не ја продолжија соработката, ФИФА повторно да го врати доделувањето на наградата „FIFA World Player“, кое беше актуелно од 1991 до 2009 година, а France Football да се врати на традицијата која започна во 1956 година и повторно самостојно да ја доделува престижната награда „Balon d`Or“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
