Французинки бараат од Макрон акција против сексуланото насилство
Група Французинки го повикаа францускиот претседател Емануел Макрон да органириза „план за напад“ врз сексуалното насилство и вознемирување, осудувајќи ги неодамнешните откритија за таков вид на насилство изврешен од страна на познати мажи.
Тие истакнаа дека „општеството ги малтретира жените“.
Стотици уметници, режисери, писатели и други лица, кои биле жртви на сексуално злоставување или вознемирување побараа преземање на мерки во отвореното писмо до Макрон и онлајн петицијата што ја српведе неделникот „Журнал ди диманш“.
- Господине претседателе, ние се соочуваме со тешка криза. Дали сте на наша страна?, се наведува во писмото.
Тие побараа во фирмите, за вработените да се воведе обука за спречување на сексуално вознемирување, да се зголеми бројот на дежурни телефонски линии во центрите за помош на жртвите, како и во средните училишта да биде воведена програма против насилство.
Покрај тоа, тие бараат гаранција за жените кои ќе пријават насилство, дека нема да ризикуваат да го изгубат работното место.
Ова барање беше дадено во време на растечкиот број на обвиненија за сексулано вознемирување од страна на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.
Владата на Макрон работи на закон со кој ќе бидат зголемени казните за сексуални напади.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија