Живот
9. May 2019 - 12:22

Французин со трактор патува до Индија: Имам се што ми е потребно

Маре Јардин (53) се одлучил на несекојдневно патување, со трактор да отиде од Франција во Индија.

Стариот трактор со караван приколка предизвикува заинтересираност и љубопитност меѓу граѓаните во земјите низ кои поминува.

Тој вели дека има намера со тракторот да го помине целиот свет, додава дека во тракторот има се што му е потребно.

"Од Франција одам за Индија. Се надевам дека тоа ќе биде убаво патување за мене. Ова е мојот живот и го сакам, не се грижам премногу. Се што ми е потребно имам", изјавил Јарадин кој веќе на патот до Индија стигнал до Турција.