Француско-германска комеморација во Битола и Прилеп

Амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост денеска ќе одржат комеморации.
На пладне ќе има комеморација на Француските воени гробишта во Битола, а во 14 часот на Германските воени гробишта во Прилеп.
На комеморациите ќе присуствуваат претставници на државните и локални власти, дипломатскиот кор и здруженијата на граѓани. Германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих ќе одржи говор на Француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние ќе им се обрати на присутните на Германските воени гробишта во Прилеп во знак на помирувањето меѓу двете држави и како уште еден доказ за француско-германското пријателство.

Во одбележувањето на Примирјето од 1918 година и сеќавање во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи ќе се вклучи и Собранието на Република Македонија. Делегација на Собранието предводена од претседателот на Парламентот Талат Џафери и пратениците Васко Ковачевски, Хари Локвенец и Бети Рабаџиевска-Наумовска ќе положат цвеќе на Француските воени гробишта во Битола, на Германските воени гробишта, на Бугарскиот споменик и на Рускиот споменик во Прилеп.
По повод одбележувањето на 11 ноември, Данги де Дезер, внук на војник од Источниот Фронт, вечер во Битола ќе направи презентација на своите активности поврзани со објавувањето на писмата на неговиот дедо, полковникот Ордиони, напишани на овој фронт меѓу 1917 и 1925 година.
В понеделник во хотелот „Епинал“ амбасадорот Тимоние ќе го отвори научниот ден посветен на Источниот фронт. Повеќе француски, македонски и експерти од регионот ќе учествуваат на конференцијата „Балканските општества во Првата светска војна–сеќавање/а и перспектива/и.“
Ново на Сител
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
-

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
