Францускиот парламент вечерва ќе ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци

Предлог-законот за продолжување на вонредна состојба во Франција треба да биде разгледан вечерва во Националното собрание. Со него се предвидува тримесечно продолжување на таа специјална мерка како и враќање на специјалната мерка – претрес без судски налог, јавува дописникот на МИА од Париз.
„ Административните пребарувања (...) повторно ќе бидат дозволени во текот на овој период од три месеци", се вели во текстот.
Друга клучна точка во нацрт законот , е запленувањето и експлоатацијата на компјутерските податоци, одредба која беше укината од страна на Уставниот совет во февруари.
Членовите на таа институција проценија тогаш дека законодавниот дом не обезбедува „правни гаранции" дека е обезбедена рамнотежа помеѓу „правото на почитување на приватниот живот" и „зачувувањето на јавниот ред."
За да се избегне повторното укинување на таа одредба, Владата обезбеди заштитни мерки со прибегнување кон судска власт.
Овој пат, во членот 2 се наведува дека " запленетите податоци и нивни носачи се чуваат во надлежност на шефот кој го спроведува пребарувањето. Од самиот ден на запленувањето, никој нема пристап до нив без претходно судско одобрение".
Предлог-законот, исто така, предвидува дека ако за пребарувањата откријат постоење на било кое друго место посетуивано од страна на лицето кај кое се пребарува, правото на продолжување на пребарувањето се префрла веднаш и на тоа место.
Политичкото биро на Републиканците (партијата на опозицијата предводена од Никола Саркози) минатата ноќ, побара продолжување на вонредна состојба за шест месеци. Предлог за кој постои согласност кај власта и мнозинството.
Државниот совет, највисокиот административен францускиот суд донесе пресуда во понеделникот објаснувајќи дека продолжувањето на вонредна состојба посакувано од страна на владата е "оправдано". "Дури и во околности кои произлегуваат од нападот во Ница, Државниот совет (...) потсети дека обновување на вонредна состојба не може да биде на неодредено време и дека вонредната состојба мора да остане како привремена мерка ", истакна на судиите на Државниот совет.
Прогласена од страна на шефот на државата по нападите во Париз и Сен Дени (130 мртви) на 13 ноември 2015, вонредната состојба е продолжена од страна на Парламентот во ноември, февруари и мај. Последното продолжување беше задва месеци наместо три претходно, за да се осигура безбедноста на еврото и на Тур де Франс, која завршува в недела. При 14 јулското интервју, претседателот Франсоа Оланд, изјави дека нема да биде побарано продолжување на вонредната состојба, но атенатото во Ница кој се случи истата вечер ја промени ситуацијата и анализите.
Ново на Сител
-

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
