Францускиот институт-Скопје организира филм и дебата по повод конференцијата за климатски промени
По повод Конференција на Обединтетите нации за климатски промени COP21, која се одржува од 30 ноември до 11 декември во Париз, Францускиот институт во Скопје утре и задутре ќе организира два настана.
Во Кинотеката на Македонија утре од 20 часот ќе биде прикажан филмот „По дождот“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева. Филмот раскажува за четири жени од Македонија кои се занимаваат со земјоделство и припаѓаат на различни возрасни групи и за нивниот процес на прилагодување на климатските промени. Влезот е бесплатен.
Во четврток од 19 часот во Францускиот институт ќе се одржува дебата, насловена „Заборавената врска помеѓу исхраната и климатските промени“. Ќе учествуваат: Ирина Младеновска, професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, Горан Ангеловски, претседател на Федерацијата на органски производители на Македонија и Жарко Василевски, производител на органска храна.
Ново на Сител
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот
-
Денеска се слави Свети Никола
-
Андоновски: Министерството за дигитална трансформација ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески
-
Тошковски во Турција на средба со министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдена одличната соработка меѓу братските народи
-
Во Берово и Тетово измерени - 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови
-
Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел