-->
-->
Француски тенисер не искористи две меч-топки, па кршеше рекети и фрлаше шишиња
-->

Францускиот тенисер Беноа Пер имаше „жолта минута“ во денешниот меч против Србинот Душан Лајовиќ на АТП-купот во Бризбејн, збеснувајќи откако не искористи две меч-топки во вториот сет.
Тој првиот сет го доби со 6-2, а во вториот се играше тајбрејк во кој имаше можност да стави крај на натпреварот. Но, на евтин начин ја прокоцка можноста, па противникот ги искористи шансите и изедначи на 1-1, што беше причина Пер буквално да експлодира. Тој прво го скрши рекетот што му беше во рака, а потоа, кога седна на клупата да одмори, скрши уште еден рекет. Потоа, својот бес го префрли на шишињата со вода, кои ги фрли на теренот, по што соиграчите едвај успеаја да го смират.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
