Свет
14. April 2017 - 14:00

Француски судии побараа од ЕП да и го одземе имунитетот на Ле Пен

Француски судии, кои водат истрага за тоа дали кандидатката за претседателските избори на крајнодесниот Национален фронт Марин ле Пен злоупотребила пари од Европската унија, плаќајќи ги своите партиски помошници, побараа од Европскиот парламент да и го одземе имунитетот, пишуваат весниците „Фигаро“ и „Франс енфо“. 

Судиите доставиле на 29 и 30 март барање за одземање на имунитетот на Ле Пен и на пратеничката од нејзината партија Мари Кристи Бутоне.

Тие се осомничени дека им давале плати на парламентарни соработници, кои сепак се од партискиот апарат на Националниот фронт и кои речиси воопшто не се појавувале впо Стразбур.