Француски пратеник обвинет за сексуален мобинг: Ме притисна наспроти ѕидот држејќи ме за градите

Францускиот пратеник од редовите на еколозите, Дени Бопан е обвинет за сексуален мобинг, објавуваат изутринава националниот јавен радио канал Франс Интер и веб порталот Медијапар, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според овие медиуми, Бопан - пратеник од Париз, кој ја напушти партијата на 18 април е „еден вид на Доминик Строс Кан кај Зелените“. Имено повеќе жени го прекинуваат молкот и го обвинуваат за сексуално вознемирувања кои трајат од 1998 година. Вкупни, осум случаи можат да подлежат под законот за сескуално вознемирување или за сексуална агресија, пишува Медијапар.
Така Сандирн Русо, раскажува за случка од 2011 година, кога во ходник на една долга сала, Дени Бопан и пришол. „Ме притисна наспроти ѕидот држејќи ме за градите и бараше да ме бакне. Јас го одбив насилно“.
Другите зборуваат за смс пораки, обиди за уцена, надреалистични сцени. Многу од овие случаи се постари од три години, но жените-жртви на неговото делување одлучија да зборуваат откако пратеникот објави твит на својот профил во кое го осудува насилството на кое се изложени жените.
Медијапар, појаснува дека Дени Бопан одбива да даде интервју и им се зканаил на двата медиуми дела ќе започне судска постапка против нив по објавувањето на нивната истрага.
Ново на Сител
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
