Француската влада привремено се повлекува од реформата на старосната граница за пензионирање

Француската влада е „подготвена привремено да ја отстрани клучната возраст од 64 години од законот за пензиски реформи додека го задржува принципот на урамнотежена возраст“, напиша премиерот Едуард Филип во писмото испратено во саботата до синдикатите и организациите на работодавачи, јавува дописникот на МИА.
-За да ја демонстрирам мојата доверба во социјалните партнери и без предрасуди за исходот од нивната работа во врска со мерките што треба да се преземат за постигнување финансиска рамнотежа во пензискиот систем до 2027 година, јас сум подготвен да ја повлечам од предлог законот краткорочната мерка што ја предложив, а која се состоеше од постепено конвергирање од 2022 година за рамнотежната возраст од 64 години во 2027 година, напиша шефот на француската владата во своето писмо, на 38-от ден на мобилизација против оваа реформа.
Премиерот, исто така, посочува дека конференцијата за финансирање ќе ги донесе своите заклучоци до крајот на април. Овој распоред ќе овозможи заклучоците од конференцијата да бидат земени во предвид пред гласањето за нацрт-законот за реформа на пензискиот систем во второто читање. Шефот на француската Влада, исто така, предлага оваа конференција, предложена од синдикатот ЦФДТ, да биде претседавана од Жан-Жак Марет, поранешен генерален директор на Ажирк-Арко.
Франција денес го живее својот 38-ми ден од штрајкот против реформата на пензискиот систем на владата. Во четвртокот на улиците излегоа околу половина милион демонстранти, од кои 56. 000 само во Париз. Според Министерството за внатрешни работи, мобилизацијата е поголема од онаа на 10 декември, но помала од таа на 17 декември и особено од 5 декември, кога беше почетокот на протестите и штрајковите.
Синдикатите се надеваат на „масовни демонстрации“ оваа сабота низ цела Франција, со стравување од нови судири со полицијата, со оглед дека демонстрациите во Париз во четвртокот беа одбележани и со насилство, за кое е обинета и полицијата, по што е отворена и истрага од јавното обвинителство.
И денешниот ден на протести започна со спорадични судири на полицијата, треба да се знае дека демонстрациите на синдикатите се совпаднаа со 61 чин на мобилизација на жолтите елеци.
Интер синдикалната координација повика да продолжи социјалното движење и во вторник, што значи дека евентуалниот компромис меѓу владата и прогресивниот синдикат ЦФДТ нема да значи веднаш прекин на штрајкот во Франција, бидејќи двата синдикати ЦЖТ и ФО бараат повлекување на реформата за пензискиот систем.
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
