Француската амбасадорка во Софија: Предлогот е идентичен со тој што беше изгласан во бугарскиот парламент

Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Северна Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент.
Ова го изјави француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин, а пренесува агенцијата БГНЕС.
-Тој предлог не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во Заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата земја, изјави амбасадорката Робин.
Таа воедно нагласила дека „Париз не изврши притисок врз Бугарија во спорот“.
Документот се одржува во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Северна Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата, рече Флоренс Робин.
Амбасадорката Робин се прашува зошто Скопје тврди дека таканаречената втора верзија на францускиот предлог е подобра од првата. Таа беше категорична дека токму ЕУ ќе биде гарант за исполнување на условите од страна на нашиот југозападен сосед.
-Како ЕУ ќе го гарантира ова? Преговорите не се започнати. Советот на ЕУ годишно го оценува напредокот на Северна Македонија. Програмата за напредок ќе ја оценува секоја земја-членка. Ние ќе гарантираме, додаде таа.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
