-->
-->
Франција забрани употреба на пластични чашии и чинии
-->

Франција стана прва земја во светот која ја забрани употребата на пластичните чаши и чинии, објавија француските медиуми, додавајќи дека целосната забрана ќе стапи во сила од 2020 година.
Со законот со кој се забранува употребата на чашите и чиниите од пластика, на компаниите им се остава рок од четири години да се приспособат на оваа одредба.
Со новите законски решенија во иднина приборот за јадење во Франција ќе треба да биде изработен од материјал од биолошко потекло, кој побрзо се распаѓа.
Франција веќе ја забрани употребата на пластичните кеси, мерка која е воведена и во други земји во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
