Франција спроведува тајни воени акции во Либија
Во рамки на политиката за справување со заканите групата Исламска држава (ИД), Франција спорведува повремени воздушни напади и подготвува дискретни или тајни акции во Либија, тврди висок функционер од француското Министерството за одбрана за париски „Монд“.
- Потребно е да се избегне отворена воена акција, потребно е да се делува дискретно, изјавил тој за угледниот француски весник.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, во моментов политиката која ја утврди францускиот претседател Франсоа Оланд се базира на неофицијални воени акции, за разлика од Сирија и Ирак каде француските авиони отворено дејствуваат против силите на ИД во рамките на меѓународната коалиција.
Акциите во Либија биле изведувани од специјалните сили на француската армија, а нивното присуство, како што пишува „Монд“, е и потврдено од страна на специјализирани блогери кои ги забележале на истокот од земјата кон средината на месецов.
Повеќе извори за весникот изјавиле дека борбата против тероризмот може да се спроведува со тајни операции водени од службите за надворешни акции на Генералната дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ).
Ваквите акции во воената доктрина се сметаат како „претходница“ во отсуство на отворена војна. Иако, овие средства се нарчени „отворање на сцената“, тоа сепак не значи дека можат да доведат до вистинска официјална воена акција.
Во Либија целта не е да се добие војната, туку да се погоди директно раководството на ИД, со намера да се спречи нејзиното зајакнување.
Оваа акција според „Монд“, се води во соработка со Вашингтон и Лондон, за што илустрација е и американскиот напад од 19 февруари врз лидер на ИД во Сабрата, на шеесетина километри западно од Триполи.
Во еден друг напад во ноември 2015 година со слична акција иницирана од Франција, бил убиен Ирачанецот Абу Набил, кој важеше за еден од лидерите на ИД.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?