Франција повикува на продолжување на мораториумот за долгот на сиромашните држави

На состанокот на Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот и земјите во развој, Франција ќе побара продолжување на мораториумот на долгот на најсиромашните земји со кои се соочуваат економските последици од пандемијата на коронавирусот до 2021 година. Тоа го изјави вечерва министерот за економија Бруно Ле Мер.
– Економската криза ќе продолжи во 2021 година насекаде низ светот. Франција ги повикува земјите од Г20 да го продолжат мораториумот за долгот на најсиромашните земји, рече Ле Мер.
Г-20, чии министри за финансии и гувернери на централна банка се среќаваат онлајн утре, решија кон средината на април да ги суспендираат исплатите за долговите од најсиромашните земји до крајот на 2020 година, поради епидемијата на коронавирусот.
Групата 20 најиндустрирани земји во светот и земјите во развој – Г20, ја сочинуваат 19 држави и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија и САД.
Ново на Сител
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
