-->
-->
Франција на чекор до полуфинале, „Петлите“ го добија дербито со Шведска
-->
Со цврста одбрана и фантастичниот Жерар на голот, Франција ја совлада Шведска со 17-23 и направи значаен исчекор кон полуфиналеВо тврд натпревар, актуелниот светски шампион го доби дерби дуелот со Шведска со 17-23 и стигна до максимални шест бода.
Франција постојано беше во позитива, но Шведска не му дозволуваше на противникот да се одлепи. Сепак, наместо драматична завршница, „Викинзите“ потфрлија во финишот, „Триколорите“ направија серија од 0-5, поведоа со 14-20 и практично тука беше решен победникот.
Најзаслужен за триумфот на Франција беше голманот Жерар, кој забележа 19 одбрани (53% успешносот). Сораиндо со пет погодоци од исто толку шутеви беше прв стрелец, а Мае реализираше четири гола.
Со оваа победа „Триколорите“ направија значаен чекор кон полуфинале, победа против Србија во понеделник ќе им донесе тикет за завршницата од Европското првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
