Франција ќе воведе казни за луѓето кои ќе бидат фатени да плаќаат за секс
Луѓето во Франција кои ќе бидат фатени да плаќаат за секс ќе добијат казни до 1.500 евра, одлучи денеска Долниот дом на францускиот Парламент, пренесе ДПА.
При повторено прекршување на делото, казната ќе изнесува до 3.750 евра, утврди Националното собрание на Франција по двегодишна расправа за француското законодавство за проституција.
Одлуката да се казнуваат клиентите, а не проститутките, француското законодавствоо го усогласи со тоа на Шведска и Норвешка, забележа ДПА.
Проститутките веќе нема да бидат казнувани доколку добиле предлог од клиент, што до пред ова беше казниво во Франција.
Министерот за прашањата на семејството, децата и правата на жените Лоранс Росињол изјави дека секс трговијата го навредува човековото достоинство.
Организациите на секс работнички ги критикуваа плановите, изјавувајќи дека зголемувањето на казните за платен секс проституцијата само ја прави поопасна професија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација