Loading Video...
Ракомет
26. January 2022 - 18:36

Франција или Ислан за последното слободно место во полуфиналето на ЕП

На Европското првенство за ракометари што ќе се одржува во Унгарија и Словачка, денеска на програмата дуелите последното коло во четвртфиналната група 1 по кои ќе бидат познати и полуфиналните парови.
 
Со убедливата победа над Црна Гора 34-24 репрезентацијата на Исланд ја заврши својата работа и сега ќе го очекува исхопдот од дербито меѓу Данска и Фрајнција. 
 
Исланѓаните во моментов се на втората позиција на табелата зад Данска која веже го осигура својот пласман во полуфиналето. 
 
Но. Тоа може да се смени доколку Франјцузите вечерва во дуелот со Данците останат непоразени, па тогаш „триколорите“ би играле воп полуфиналето, а Исланѓаните во дуелот за 5.место против Норвешка која заврши како трета во групата 2. 
 
А, Норвежаните својата шанса за полуфинале ја пропуштија синоќа кога го загубија директниот дуел со Шведска со 23-24, па „викинзите“ заедно со Шпанците се двете селекции кои се вброија меѓу четирите најдобри. 
 
Кои ќе бидат полуфиналните парови ќе дознаеме по дуелот меѓу Данска и Франција кој ќе се игра во терминот од 29:30 часот.