-->
-->
Франција: ИД напредува во Либија кон нафтените полиња
-->

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан изјави денеска дека Исламска држава се шири од своето упориште на либискиот брег, во внатрешноста на државата со цел да ги освои тамошните наоѓалишта за нафта.
– Под нивна контрола е територија од 250 км. долж брегот, но почнуваат да продираат во внатрешноста поради тамошните наоѓалишта и резерви со нафта, изјави Ле Дријан за радио РТЛ.
Француски воени авиони минатата недела почнаа со извидувачки летови над Либија. Светските сили се во обиди да ги смират завојуваните страни во Либија да го остават оружјето и да состават влада на национално единство за да се избегне ИД и други терористички групи да го користат политичкиот хаос во државата за да заземат делови од територијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
