Франција и Германија подготвени да бидат домаќини во Париз на дијалогот меѓу Белград и Приштина
Франција и Германија очекуваат наскоро да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, а францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, и натаму се подготвени да бидат домаќини на самит во Париз, јави француската амбасада во Приштина на својот профил на Твитер.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ниту ги потврди, ниту ги демантираше, информациите дека е можно во Париз на 17 јули да се одржи состанок за Косово, но тој очекува политичкиот дијалог наскоро да продолжи во Брисел.
Специјалниот американски пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, го одложи состанокот во Белата куќа, претходно закажан за в сабота, на 27 јуни, откако косовскиот премиер Авдулах Хоти го извести дека не доаѓа на средбата.
Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа го откажа патувањето за Вашингтон, откако Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК во Косово ги објави содржините на предлог обвиненијата, во кои се вклучени тој, претседателот на Демократската партија, Кадри Весели и неколку други поранешни припадници на ОВК.
Ново на Сител
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд