Франција го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан
Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан и наведе дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Белград.
Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги, пишува РТК лајв.
„Специјалниот пратеник ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги. Исто така тој ќе ги следи и иницијативите за регионална соработка, особено Берлинскиот процес“, се наведува меѓу другото во соопштението.
Ова го соопшти самиот новоименуваниот дипломат Рене Троказ во објава на платформата „Х“.
„Од денеска сум назначен за специјален пратеник за Балканот (од Министерството за надворешни работи). Назначен е специјален пратеник за Балканот“, напиша Троказ.
Ново на Сител
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата