Франција бара итни консултации со Советот за безбедност на ОН поради цивилите во Алепо
Франција денеска побара итен состанок зад затворени врати со Советот за безбедност на ОН за евакуацијата на цивилите од сирискиот град Алепо и плановите за подготвување на хуманитарна помош.
Претходно денеска францускиот претседател Франсоа Оланд ја обвини Русија дека сноси одговорност за случувањата во Алепо, тврдејќи дека Москва го прекршила ветувањето дека ќе им помогне на цивилите во сирискиот град, пренесува Танјуг.
Оланд наведе дека ЕУ не може да ги остави жените, мажите и децата пред бомбардирањето, кога при тоа им е загрозена безбедноста и се третираат на недостоен начин.
Од друга страна пак, републиканскиот кандидат за претседател на Франција Франсоа Фијон изјави дека падот на Алепо означува неуспех на западната и особено на европската дипломатија.
Ново на Сител
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина