-->
-->
Франција 2017: Кирил Лазаров го игра петтото Светско првенство
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во Франција ќе го игра своето петто светско првенство. Лазаров беше дел од шампионатот во 1999 година во Египет, кога одигра три натпревари (според неговите зборови бидејќи на интернет нема документ за настапите на играчите).
Македонија на Светските првенства има одиграно 26 натпревари, а К.Лазаров неиграл само против Германија и Куба (1999 година). Од 16-те играчи кои се избрани за дуелот со Тунис денеска седумина се дебитанти на Светските првенства, а со исклучок на Ојлески кои има настап на Европски првенства, другите немаат учество на големо натпреварување.
Настап на македонските репрезентативци:
Кирил Лазаров – 5 (светски првенства)/ 24 настапи досега
Филип Миркуловски 4 / 21
Велко Маркоски 4/21
Филип Лазаров 4 /20
Стојанче Стоилов 4 / 14
Дејан Манасков 3 / 12
Гоце Георгиевски 3/ 12
Никола Маркоски 3 /12
Влатко Митков 2 / 9
Дебитанти на Светско првенство се: Стефан Дрогришки, Филип Талески, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски и Марко Нелоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии