Ракомет
25. January 2017 - 8:24

Франција 2017: Хрватска и Словенија во полуфиналето

Репрезентациите на Хрватска и на Словенија изборија пласман во полуфиналето на СП во Франција откако на синоќа одиграните дуели од четвртфиналето ги победија Шпанија односно Катар.

Хрватска во Монпеље ја победи Шпанија со 30:29, во натпревар во кој водство имаше во текот на целото второ полувреме. На дуелот во Париз, Словенија беше сигурна против вицепрвакот Катар и го победи со 32:30, а водеше во текот на целиот дуел.
На претходните два четвртфинални дуели: Франција - Шведска 33:30 во Лил и во Албервил Норвешка - Унгарија 31:28.
Полуфиналето ќе се игра во Париз, а двојките се: Франција - Словенија (четврток) и Хрватска - Норвешка (петок).