Македонија
20. March 2018 - 8:42

Фотографијата на Иван Каратанов најдобра на конкурсот на „Транзен“

Иван Каратанов е добитник на наградата за најдобра фотографија на конкурсот кој го распиша Здружението за култура „Транзен“ во рамки на проектот „Природно културни убавини на општина Босилово“.

Каратанов ја доби наградата за фотографијата „Мотив од Моноспитовското Блато во зима“. Нему му припадна и парична награда во износ од 18.000 денари.

Втората награда ја доби Даниела Дончева и парична награда од 12.000 денари, а третата му припадна на Пепи Ашиков и награда во износ од 6.000 денари.

На конкурсот се пријавиле шеснаесет фотографи, а селекцијата и жирирањето на фотографиите е на фотографот Столе Ангелов.

Од пристигнатите селектирани фотографии ќе биде изработен каталог, а фотографиите ќе бидат претставени на изложба.

Проектот на „Транзен“ е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културното наследство 2018 година.