Живот
19. August 2016 - 15:15

Фотографија која ќе ве расплаче: Девојче без раце и нозе доби своја мала копија

Иако има само две години, храбрата Хармони преживеала вистински кошмар предизвикан од опасна болест. Сепак таа не ја симнува насмевката од лицет, а сега има уште една причина за среќа.

Хармони Роуз била како и секое 11-годишно весело девојче. Меѓутоа пред својот прв роденден таа доживеала вистински кошмар: гадење, кашлица, помодрување на кожата. Нејзините родители веднаш ја однеле во болница, каде докторите брзо и дијагностицирале дека боледува од менингитис Б. Инфекцијата е предизвикана од бактерии и многу е опасна.

На девојчето му се ампутирани двете раце и нозе, како и носот, и тогаш лекарите рекле дека има 10 отсто шанси да преживее, но Хармони ја победи болеста на насмевка на лицето.

Хармони има и своја Фејбук страници, на која луѓето и пружаат поддршка, а неодамна нејзината мајка објави фотографија која ги разнежни сите. Имено Хармони доби кукла која е нејзина мала копија, и со која може да се поистовети.

-Мамо таа е како мене, рече Хармони, која сега има две години. Куклата ја модифицираше компанија „A Step Ahead Prosthetics“ од САД која од обични кукли прави кукли со ампутации.н Родителите испраќаат кукла, а компанијата бесплатно ги модифицира за децата кои немаат екстремитети да не се чувствуваат поинаку.

ФБ: Hope 4 Harmonie.