Фотографија која го расплака светот: Детето од кое сите бегале конечно си најде пријател
Шејна поминала многу непроспиени ноќи покрај синот кој со месеци плачел поради тоа што не можел да воспостави нормален однос со никој надвор од семејството и покрај тоа што се трудел на своите терапии.
Шејна Нихаус многу се измачила за на својот 5-годишен син кој боледува од аутизам да му најде терапевтско куче. Таа на Фејсбук страницата на невладината организација "4 Paws for Ability", која ги поврзува децата со посебни потреби и животните кои можат да им помогнат, ја сподели фотографијата од нивната прва средба и ги расплака сите што ја видоа.
„Го гледате ли ова? Никогаш не сум присуствувала на ништо слично. Ова е лицето на мајката која безброј пати гледала како нејзиниот син безуспешно се обидува да стекне приајтел на игралиштетот во паркот. Било каков пријател, било каков вид на врска“, напиша на 18 октомври.
Нихаусо вели дека нејзиниот син е најсилното битие кое било кога го запознала, зошто морал да излезе на крај со околината која не го разбира и го повредува.
-Оваа слика го покажива лицете на мајката која го видела својот син, кој не може слободно да го гушне, избања, облече или да го погали, како лежи со своето терапевтско куче одлучно и со неискажлива поврзаност. Многу пати плачев поради ова момче, но сега првпат плачам поради ваква причина, од среќа, напиша таа.
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената