-->
-->
ФОТО: Расчистена дива депонија во населбата Лисиче
-->
Комуналните служби на општина Аеродром спроведоа голема акција за расчистување дива депонија во непосредна близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.Општина Аеродром апелира до граѓаните својот отпад да не го фрлаат на места што не се предвидени за таа намена. Општинските комунални служби и службите на ЈП „Комунална хигиена“ постојано се на терен и работат на одржување на хигиената.

Исто така, и инспекциските служби се постојано на терен, а граѓаните можат да пријават диви депонии на дежурниот телефонски број 075/316-515.
Истовремено, општината ги информира граѓаните дека кон крајот на април ќе организира акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата ќе биде спроведена на целата територија на Општината, при што жителите ќе можат бесплатно да се ослободат од старите парчиња мебел и дотраени електрични апарати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
