-->
-->
Фосилите пронајдени во Пијанец – дел од првата научна монографија за фосилната фауна во Македонија
-->

Меѓународен тим научници објавиja нови податоци за доцномиоценската пикермијска фауна, врз основа на долгогодишно истражување на фосилни материјали од Македонијa.
Научниците од Националниот природонаучен музеј – БАН, Националниот музеј на природна историја во Париз и Природонаучниот музеј на Македонија, предводени од професор Николај Спасов, директор на Националниот природонаучен музеј во Бугарија, ги претставија резултатите од истражувањата во сумарната монографија „Доцномиоценската фауна на Македонија“, која е објавенa во престижното палеонтолошкo издание -Palaeontographica.
-Во монографијата се назначени барем 57 вида фосилни животни, меѓу кои чифтокопитни, хипариони, носорози, хоботни, мајмуни, предатори и други фосилни животни, а се базира врз основа на фосилни материјали, собирани со години за време на ископувањата на првиот македонски палеонтолог Ристо Гаревски кои се чуваат во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје, се наведува во објавата на професор Спасов.
Меѓу оценуваните 25 наоѓалишта во рамки на истражувањето се наоѓаат долините на Пореч на Вардар и Струмица, како и од областите на Мориево и Делчево. Согласно со добиените податоци, најбогатите наоѓалишта се со фосили стари помеѓу 7,2 и 7.4 милиони години, од кои кај Караслари се пронајдени 22 вида и кај Киро Ќучук вкупно 17 видови.
Во тек на истражувањето направени се биохронолошки анализи на локалитетите, со што е овозможено нивно позиционирање со текот на времето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење