Форумот на жени на ЛДП повикува да се ратификува Истанбулската конвенција
Форумот на жени на Либерално-демократската партија го честита Меѓународниот ден на жената 8 Март, со повик да се ратификува Истанбулската конвенција како документ со најопфатни законски решенија и политики за заштита од насилство.
- Превенција преку постигнување родова еднаквост, заштита и поддршка на жртвите на насилство и интегрирани институционални политики се главните принципи на кои се темели Истанбулската конвенција. Голем дел од европските земји, вклучувајки ги и соседите Словенија, Србија, Босна, Црна Гора и Албанија, веќе ја ратификуваа конвенцијата. Македонија ја има потпишано, но ја нема ратификувано. Во оваа прилика, ЛДП повикува на ратификација на Истанбулската конвенција, како важен инструмент за постигнување на родова еднаквост, пишува во честитката од Јулиана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП.
Форумот на партијата наведува дека со родовата еднаквост не е засегната само жената, туку целото општество бидејќи рамноправноста, како што посочува, подразбира еднакви можности за сите, на начин квалитетот да биде реперот за успех.
- Оттаму, сметаме дека борбата за функционално општество е борба за почитување на сите човекови права. Стремежот за квалитетен живот е подеднакво важен за сите, и не смее да биде дискриминиран по ниту една основа, најмалку по основа на родовата припадност, истакнува Форумот на жени на ЛДП.
Ново на Сител
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА
-
Опожарен контејнер во скопско Ѓорче Петров
-
Искршена е влезната врата на храмот „Цар Константин и царица Елена“ во Штип
-
Брачен пар загина во пожар во стан во Белград
-
Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава
-
Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ