Форум за родова еднаквост: Законско редефинирање на поимот семејство за унапредување на правата на еднородителските семејства
Редефиниција на поимот семејство во Законот за семејство со цел да се кристализира категоријата еднородителско семејство и на членовите на оваа семејна конструкција со цел да им се овозможи непречно остварување на правата, препорачува една од трите работни групи на Вториот форум за родова еднаквост во документот Дефинирање на статусот на еднородителското семејство и неговите членови.
Препораките беа изнесени на денешната презентација на три документи кои беа изготвени во рамки на Вториот форум за родова еднаквост, организиран од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија.
Семејството е животна заедница на родител/и и дете/деца, ако живеат во заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и посвојување, е предложената дефиниција содржана во документот.
Како што појасни една од авторките на документот Катерина Матеска, веднаш по оваа дефиниција би следело дефинирање на еднородителското семејство, како и причините поради кои може да настане оваа семејна конструкција.
Еднородителско семејство составено од родител и дете/деца може да настане поради следните причини: смрт на еден од брачните другари, развод, исчезнување или напуштање на семејството на едниот родител, во случај кога на едниот родител му е одземено родителското право или деловната способност, кога едниот родител се наоѓа на издржување затворска казна или е отсутен поради болест, во случај кога родителите не се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а едниот родител сам се грижи да го издржува детето, во случај кога настанува како резултат на раѓање, при што едниот родител е непознат и кое настанува како резултат на инвитро оплодување.
Матеска појасни дека во тој контекст за родител од еднородителско семејство ќе се смета родител кој се соочува со сите овие наведени причини, а во случај на равод, само оној родител кој со пресудата со која се разведува бракот детето/децата му се доверени на чување, воспитување и издржување.
- Групата ја разгледа постоечаката законска регулатива во Македонија, како е дефинирано семејството и кои се неговите права и обврски, на чинителите и поттикна дискисија и решенија дека поимот семејство треба да биде редифиниран во Законот за семејство, со што би се третирале и правата на таа категорија, изјави Калинка Габер од Прогрес Институтот за социјална демократија.
Таа нагласи дека еднородителското семејство се споменува само во Законот за социјална заштита, а различните закони, кои ја третираат оваа проблематика користат различна терминологија.
- Тоа е всушност препораката на овој документ - да се воедначи катеогоријата во Законот за семејство со внесување на соодветна формулација, која потоа ќе биде преземена од сите другите сродни закони, со цел законите да можат да реферираат меѓусебно и да се повикуваат за состојбите во општеството, вели Габер и додава дека дефицијата мора да се измени и да се усогласи со законодавството на ЕУ.
Законот засега за самохран родител го смета само оној, чиј брачен партнер починал или во случај кога едниот од сопружниците се откажал од своето родителство.
Поради немање на ваква категорија во законите нема официјална статистика за бројот на ваквите семејства во надлежните институции.
Според податоците изнесени во документот во Скопје се регистрирани 12.011 домаќинства на мајка со дете и 2.346 на татко со дете.
- Во Република Македонија не постои база на податоци за точниот број на самохрани родители. На национално ниво, во центрите за социјална работа постојат задолжителни електронски системи за нивно евидентирање како корисници на социјални услуги, но тие се нецелосни и нерелевантни, се вели во документот.
Изработката на документот од Вториот форум за родова еднаквост е континуитет на документот која беше изготвен минатата година на Првиот форум. Првиот документ беше насловен „Самохраните мајки-мултиплицирани жртви на насилство“, а зад кои стои засега единствената организација за унапредување на правата на еднородителските семејства во Македонија „Една може“.
Организацијата иницијативата за дополнување на законот ја покрена уште во 2015 година, а како што посочи нејзината претседателка Дороти Пачкова сега има поддршка и од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која е детално запозната со оваа проблематика.
Пачкова изјави дека организацијата моменто лобира за законските дополнувања и со поддршка на Националниот демократски институт.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“