Форум „Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот сектор во Македонија
Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот сектор во Македонија, е темата на форумот што ќе се одржи денеска во Охрид, во организација на Цивика мобилитас.
На форумот ќе стане збор за феноменот на зголемена вклученост на граѓанските активисти во државните институции и потенцијалите од ваквите трансфери за сите засегнати страни, соопшти организаторот.
Говорници на форумот, според најавата, ќе бидат Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии и шефовите на кабинетите на министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Санела Шкријељ, и Трајан Димковски. Од Цивика мобилитас истакнуваат дека говорниците освен што се членови на сегашната Влада, имаат искуство во граѓанскиот сектор како активисти, поради што ќе можат да ги адресираат можностите за развивање системска и суштествена соработка меѓу граѓанскиот и државниот сектор, како и да ги идентификуваат потенцијалите и продобивките.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата