Форум: Пан Eвропскиот Коридор 10-д важен за развојот на регионот
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалниците на Битола и Прилеп, и професори од Техничкиот факултет-Битола денеска одржаа форум посветен на „Важностa на Пан Eвропскиот Коридор 10-д за Република Македонија, Балканскиот полуостров и Европската Унија“.
Во своето обраќање на форумот, министерот Сугарески истакна дека примарна цел на Владата е изградбата на патната и железничката инфраструктура, а потврда за тоа, како што рече, се потпишаните договори за инфраструктурна градба.
- Во делот на Коридорот 10-д ние сме сериозно посветени и тоа може да се забележи со потпишаните договори за градба, како што е патот Градско-Прилеп кој се гради на три делници, а во план е и изградбата на експресниот пат Прилеп-Битола-граничен премин Меџитлија. За тоа очекуваме час поскоро завршување на проектната документација, посочи министерот Сугарески.
На форумот во Битола, тој ги најави приоритените активности и планови на Министерството поврзани со пелагонискиот регион во 2018 година.
- Во овој регион во 2018 година ќе вршиме повеќе реконструкции на патните правци. Во делот на железничката инфраструктура, потпишан е договор за изградба на пругата Битола-Кременица и очекуваме брз почеток и финиширање во текот на наредната година со што и преку железница ќе бидеме поврзани со Република Грција, рече Сугарески.
Потврди дека до надлежни институции доставиле документи за судска постапка која ќе се спроведе за евентуалните малверзации и досегашната неефикасност на изведувачите при изградбата на пругата од Битола до грчката граница.
Научниот форум на тема „Важностa на Пан Eвропскиот Коридор 10-д за Република Македонија, Балканскиот полуостров и Европската Унија“ го организираше Техничкиот факултет-Битола, а со цел на едно место да дебатираат претставници на академската заедница и релевантните фактори за одлучување.
- Академската заедница може да придонесе во изработката на проектите и директно да овозможи да се реализира барањето на ЕУ патиштата да бидат на ниво на автопат, како што тоа е од грчка страна до македонската граница, и да нема тесни инфраструктурни грла. Со тоа, ќе се овозможи подобар економски развој на регионот и сообраќајна комуникација меѓу градовите, посочи Верица Дамчевска, професор на Техничкиот факултет-Битола.
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка