Форум: Како да се подобрат состојбите со кршењето на човековите права
Состојбата со човековите права во Македонија не е совршена, но таква е и во други земји. За подобрување се потребни и поголеми финансиски средства, но и поголема свесност, добра волја и ангажираност на сите кои се занимаваат со ова прашање, сметаат учесниците на Форумот за човековите права на маргинализираните групи што се одржа денеска во Скопје.
- Тоа е прашање на кое треба постојано да се работи. Секогаш има нешто што сите ние може да направиме не само да ја подобриме правната рамка, туку да ги подобриме нашите и животите на другите луѓе чекор по чекор, рече Петруш Тоинес Меѓународен лидер на програмата Цивика мобилитас.
Овој форум, додаде тој, е можност да се види какви се состојбите, што може да се направи и како заедно да се оди напред.
Претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска вели дека состојбата со кршењето на правата на маргинализираните групи во Македонија е најтешка, бидејќи, како што рече, нивните права се кршат по неколку основи.
За подобрување на состојбите, рече, треба да се подигне свесноста за дискриминација или кршењето на правата, а во справувањето да се вклучат и да соработуваат институциите и граѓански организации. Потребни се и луѓе, кои можат во одредена средина да детектираат што е дискриминација и да се борат против неа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето