Формирано посебно тело за отсранување на штетите и последиците од поплавите во Бутел
Посебно тело за отсранување на штетите и последиците од поплавите во Општина Бутел синоќа било формирано на состанок со кризниот штаб на општината, соопштија од општин Бутел.
-Веднаш се известени вработените, а набрзо е активирана и градежна механизација на најкритичните точки во општината. Приоритетно беше оспособувањето на патниот правец Радишани –Љубанци, како и сообраќајниците во населените места: Жегроец, Љуботенски пат и Раштански пат, се наведува во соопштението.
Во текот на вчерашниот ден во соработка со ЈП Водовод и Канализација била обезбедена цистерна за испумпување вода од поплавените куќи во Жегроец и Бутел. Денеска, механизацијата ќе биде ангажирана во Љуботен и Раштански пат за расчистување на последиците од поплавата.
Од Општината апелираат до граѓаните од општина Бутел, кои се погодени од невремето на кој било начин и им е потребна помош да се јават кај следниве лица за контакт од општина Бутел: Слободан Невенов ( 075 442-103), Ивица Тодоровски (071 238-998), Снежана Клинчарова (076 438-721) и Сузана Мартиновска (076 404-588).
Граѓаните на општина Бутел кои сакаат да им помогнат на настраданите во поплавите на територијата на град Скопје, своите средства да ги уплатат на следнава жиро сметка на Комерцијална банка: ЖС. 300000001327966 – Комерцијална банка.
Ново на Сител
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен