Формирана Национална алијанса на пациентски организации
Десет пациентски организации по повод 75. Светски ден на здравјето, денеска во Инфо центарот на Европската унија одржаа основачко собрание каде потпишаа документ за формирање на Алијанса, која ќе има за цел подобрување на здравствениот систем во служба на граѓаните. Алијансата ја сочинуваат организациите Хепар центар, Нефрон, Национално здружение за МС, Живот со предизвици, Хема – онко, Фемина М, Сано, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Здружение за хронична миелоична леукемија и Ретко е да си редок.
Претседателот на Националната алијанса, Милан Мишковиќ, истакна дека по повод Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“, пациентските организации од земјава се обединуваат во Национална алијанса на пациентски организации, со што ја изразуваат нивната решителност за заштита на пациентите, како и нивната заложба за подобрување на здравствениот систем.
Соработката, вели Мишковиќ, помеѓу пациентските организации и медиумите е клучна во образувањето на граѓаните за нивните права и можности во здравствената заштита.
– Веруваме дека соработката помеѓу пациентските организации и медиумите е клучна за информирање и образование на граѓаните за нивните права и можностите во здравствената заштита. Ги поздравуваме медиумите за нивната поддршка и ангажман во овој процес. Со оглед на нашата цел за следење на европските и светските здравствени системи и пракси, сме подготвени да споделиме нашите искуства и знаења за да го реформираме и трансформираме нашиот здравствен систем во согласно најдобрите стандарди и потреби на граѓаните, рече Мишковиќ.
Упати апел до сите организации и здруженија кои работат во областа на здравството да се приклучат кон Алијансата и заеднички да застанат зад правата на пациентите, како и заеднички да работат во подобрувањето на здравствениот систем.
– Алијансата е отворена за сите други здруженија на пациенти кои работат во областа на здравство да се приклучат и заедно да работиме за подобрување на здравствениот систем во земјава. Ги покануваме сите заинтересирани здруженија да се приклучат кон Алијансата, рече Мишковиќ.
Ново на Сител
-
САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите
-
Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО
-
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
-
Сончево со ниски утрински температури
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината