Свет
10. November 2017 - 14:34

Форкадељ плати кауцијата и може да излезе од притвор

 Претседателката на каталонскиот Парламент Карме Форкадељ ја плати кауцијата од 150.000 евра, што беше определена од страна на шпанскиот суд, и со тоа, таа уште денеска може да го напушти притворот, каде ја помина ноќта. 
 
- Кауцијата на претседателката на каталонскиот Парламент е платена, се очекува судска наредба за нејзино ослободување, наведе неименувана претставничка на шпанскиот Врховен суд.
 
Форкадељ е приведена поради одговорност за поттикнување на бунт и немири од 27 октомври, кога каталонскиот Парламент прогласи независност од Шпанија.