Свет
4. April 2018 - 10:21

Форд може да произведува електрични автомобили во Германија по 2023 година

Американскиот  автомобилски гигант „Форд" би можел да произведува електрични возила во Германија по 2023 година, откако ќе го заврши циклусот на моделот Фиеста, изјави шефот за германскиот бизнис на компанијата и предложи таа  транзиција локалната и сојузната влада да ја поддржат со субвенции.

- Чисто хипотетички, тогаш (2023) би можел да биде добар момент за тоа, изјави Гунар Херман за германскиот бизнис весник Ханделсблат .

Тој рече дека ќе им требаат околу 15 месеци за да ја прилагодат фабриката во Келн за производство на електрични автомобили, додавајќи дека инвестицијата нема да биде профитабилна ако продажбата на електрични автомобили изнесува само 30.000 или 40.000 возила годишно.