Фондот за иновации со мерка за поддршка на младите бизниси
Младата Стефанија Милевска на 25 годишна возраст почнала со сопствен бизнис. Со помош на грантот за самовработување од државата отворила музичка продукција во Битола.
Вели дека тие 4 000 евра биле доволно за да стартува со бизнисот. Но за да продолжи да го равива потребни се повеќе пари.
Лани со помош на државата биле стартувани 165 бизниси во кои се вработиле 190 лица. Оние кои се иновативни сега може да аплицираат за мерките од третиот столб од владиниот план и да ги реализираат иновациите. Во иднина за да не тропаат не две врати како досега , надлежните ќе воведат заеднички пакет мерки и ќе ги поддржат да станат брзорастечки.
До сега преку 300 компании подигнале апликации за мерките од третиот столб од владиниот план. Државата покрива и до 70 отсто од трошоците за нивните инвестиции. Јавниот повик трае до 11 јуни. Поучена од доброто искуство и Стефанија планира да аплицира за некоја од мерките.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар