-->
-->
Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план
-->

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која учествува на самитот на „коалицијата на подготвените“ во Париз, изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.
– Зајакнување на Украина за да може да се одбрани е почетната точка. Ни треба и заеднички, долгорочен план, напиша таа на Х.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
