Македонија
27. October 2023 - 16:33

Фон дер Лајен во недела на средби со власта, но не и со опозицијата

Шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен во недела пристигнува во Скопје. На агендата кој ја ја објавија од Брисел предвидени се средби со државниот врв, ама не и со опозицијата. Најпрво со претседателот Пендаровски во недела, а во понеделник и со премиерот Ковачевски. Од влада велат средбата не била во насока да се врши притисок врз опозицијата за да го смени ставот за уставни измени, туку да се разговара за потребните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ

Дека нема предвидена средба со опозицијата веќе потврди и Мицкоски, кој вели дека ставот за уставните измени не е променет, но секој добронамерник кој бил заинтересиран за состанок со него е добредојден.

За поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски, посетата на Фон Дер лајен е веќе видено сценарио на актуелната власт, секогаш кога треба да се носат вакви големи одлуки, владата ја повикува меѓународната заедница на помош, за да се изврши притисок врз опозицијата.

Како дел од четиридневната турнеја, шефицата на ЕК, по Скопје ќе отпатува и во Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.