Фон дер Лајен: Влегувањето во ЕУ ќе биде најголемата победа за Украинците
Влегувањето во ЕУ ќе биде најголема победа за Украинците, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур.
Таа зборуваше во пресрет на состанокот на Европскиот совет во Брисел утре и в петок, кога ќе се разговара и за проширувањето на ЕУ.
Фон дер Лајен, времето од почетокот на руската инвазија на Украина, го нарече „две болни години“.
- Се сеќаваме на сета болка што (рускиот претседател Владимир) Путин со енергетските уцени им ја нанесе на невините Украинци, како и на Европејците.
Во овие мрачни денови, имаше светлина и во храброста на украинскиот отпор, во радоста на ослободените од руската окупација, во симпатиите на целиот европски континент со украинското општество.
Европа остана обединета, Украина се спротивстави и затоа што Европејците ги отворија своите срца и домови, поради европската финансиска и воена помош, посочи таа.
Ново на Сител
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-
Анкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар, граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер