Фон Дер Лајен: Русија ја уценува Европа со гасот
Одлуката на Русија да престане да испорачува гас за клиентите во Европа е „инструмент за уцена“, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Потегот е „неоправдан и неприфатлив“ и ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас, додава таа.
Фон Дер Лајен рече дека земјите-членки на ЕУ имаат планови за вонредни ситуации за вакво сценарио и оти Европската комисија е во близок контакт со нив за да обезбеди алтернативни испораки и најдобри можни нивоа на складирање низ целата Унија.
Таа информира дека е во тек состанок на координативната група за гас за да се утврди координирана реакција на ЕУ.
– Ние, исто така, ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да обезбедиме алтернативни текови – и ќе продолжам да работам со европските и светските лидери за да се обезбеди безбедност на снабдувањето со енергија во Европа, рече Фон Дер Лајен.
– Европејците можат да сметаат на нашата целосна поддршка, подвлече шефицата на Европската комисија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот