Свет
18. November 2023 - 18:13

Фон дер Лајен против „присилното раселување“ на Палестинците

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш кажа дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

„Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци“, напиша Фон дер Лејен на X.

„ Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска“, додаде таа.

Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа.

Тој додаде дека „таа потоа го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафа, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“.