Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека за тоа телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Русија немилосрдно го гаѓа Киев, обидувајќи се да го оневозможи секојдневниот живот на неговите жители. Стоиме со нив. И со сите Украинци. Утре ќе ѝ исплатиме на Украина уште 3,3 милијарди евра за набавка на ракети и дронови“, изјави Фон дер Лајен во соопштение објавено синоќа на интернет-страницата на Европската комисија.
Таа рече дека минатата недела е одобрено финансирање од ЕУ за системи „Патриот“, преку Заемот за поддршка на Украина, кој за оваа и за наредната година изнесува 90 милијарди евра, но и дека „очигледно е потребно повеќе“.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ е подготвена да ги искористи преостанатите средства од програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) за започнување нова програма за заеднички одбранбени проекти на ЕУ и Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
