Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во Косово, каде што ќе се сретне со премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина
Според соопштението на службата за информирање на косовската Влада, средбата на Фон дер Лајен со Курти ќе се одржи во кабинтетот на косовскиот премиер, со почеток во 11,15 часот.
Од Косово, претседателката на Евтопската комисија денеска ќе отпатува за Подгорица, каде што ќе ја заврши нејзината четиридневна турнеја на регионот, која започна во средата, на 23 октомври, со посета на Албанија.
Од Тирана, Фон дер Лајен во четвртокот допатува во Скопје, а истиот ден, по средбите со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски, отпатува за Босна и Херцеговина, каде што ги посети областите погодени од неодамнешните поплави.
Од Сараево Фон дер Лајен вчера замина за Белград, каде што имаше средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар