Македонија
26. јуни 2017 - 17:47

Фолклорните групи при ДКЦ Карпош на фестивал во Калела, Шпанија

Неколку фолклорни состави при Детскиот културен центар „Карпош“ зедоа учество на Меѓународниот фолклорен фестивал кои што се одржа во градчето Калела во Каталнонија, Шпанија.

Претставниците на фолклорните друштва при ДКЦ „Карпош“ настапија во три групи и се претставија со изворни македонски ора.

На традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал учествуваа фолклорни секции од Македонија, Шпанија, Русија, Естонија, Украина, Франција, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Турција, Англија, Словачка, Литванија и Канада.