Флик навести за разделба со Тијаго

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, навести дека клубот би можел да се раздели со Тијаго Алкантара. Сепак, тренерот не се откажува од надежта дека може да остане на „Алијанц арената“.
Договорот на Тијаго со Баерн истекува следното лето, а според различни публикации, тој сака да си замине и да ја продолжи кариерата во Ливерпул. Некои информации дури тврдат дека веќе постои договор со „црвените“.
Дваесет и девет-годишниот играч од средниот ред вчера освои уште еден трофеј со Баварците. Тој се појави на теренот непосредно пред крајот на финалето на германскиот куп, кој Баерн го доби со 4-2 против Леверкузен.
– Секогаш се надевам. Јас сум секогаш позитивен во врска со таквите работи. Сосема е нормално и човечко. Јас давам се од себе за да го задржам Тијаго да остане и да го убедам да остане. Времето ќе каже дали тоа било доволно, рече Флик, осврнувајќи се на иднината на Тијаго.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
