Фудбал
25. May 2020 - 16:11

ФК Силекс: За кого се грижи претседателот на ФФМ Муамед Сејдини?!

СООПШТЕНИЕ 25.05.2020

ЗА КОГО СЕ ГРИЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МУАМЕД СЕЈДИНИ?

ЗА ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ И ИНТЕРЕСИ НА ЕДЕН ИЛИ ДВА МАКЕДОНСКИ ПРВОЛИГАШИ, НО СИГУРНО НЕ И ЗА ЗДРАВЈЕТОНА ФУДБАЛЕРИТЕ И ФУДБАЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА!!!

Зошто Муамед Сејдини во време кога пандемијата на корона вирусот не го намалува својот интензитет,кога здравствените работници мака мачат во борба против оваа опасна заразна болест,кога во државата имаме вонредна состојба,полициски час од дури 58 часа,во период кога имаме забрана за колективни спортови,лично тој со своите потрчковци заговара продолжување на прекинатото првенство од ПМФЛ, и тоа според систем во кој нема испаѓање,систем кој одговара на само неколку екипи,кои буквално нема што да изгубат,само може да мешетарат?

Дали продолжување на првенството според систем на натпреварување без да има испаѓање ке биде регуларно? 
За Муамед Сејдини секако ДА!

Зошто,за само четири дена,Муамед Сејдини ја смени својата одлука?

Имено,на состанокот одржан на 18.05.2020 година,јасно и гласно Муамед Сејдини во својство на претседател на ФФМ изјави дека продолжеток на првенството по скратен систем без испаѓање не е прифатливо бидејќи ќе штети на регуларноста на првенството. (во прилог извадок од записникот).

ФК СИЛЕКС јавно прашува:

Зошто,од кои причини и под чие влијание за толку краток период Сејдини протежира баш продолжеток на првенството со скратен систем без испаѓање?

Наместо согледување на вистинската слика,реалната состојба на условите за тренинг и натпреварувања на сите стадион,наместо пред се да се грижи за здравјето на сите чинители на фудбалската игра,лично тој заговара продолжување на првенството.
ЗОШТО?

Дали Муамед Сејдини ја прашал Комисијата за инфраструктура при ФФМ во каква состојба се стадионите,и дали ги исполнуваат минималните услови за одигрување на натпревари во нормална состојба а не во време кога пандемијата не го намалува својот интензитет.

Дали господата од ФФМ слушнале за трите основни принципи на УЕФА,а тоа се: објективност,транспарентност и рамноправност?

Објективноста за нив е мисловна именка. Транспарентноста научна фантастика а рамноправност ниту била ниту ќе биде својствена за ова раководство на ФФМ.

Комесарот за натпреварување при ФФМ,г-динот Игор Франговски,наместо да биде соучесник во криминалните деанија на неговиот ментор,како поранешен фудбалер нека размислува фудбалски а пред се распоредот за продолжеток по скратен систем го прави според Статутот и Правилникот за натпреварување донесен пред почетокот на сезоната 2019/2020.

Јавно нека каже како, кога во моментот имаме забрана за колективни спортови почитуваниот г-дин Франговски го определи 14 јуни за продолжување на првенството.

Јавно ги повикуваме, Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија,г-дин Панче Ќумбев, 
претседателот на тренерската организација г-дин Ѓоре Јовановски и директорот на едукативниот центар при ФФМ г-дин професор Боби Марковски да излезат со став, дали пред се фудбалерите и фудбалските работници во време на пандемија ги имаат основните услови за тренинг и натпревари,според мерките и препораките на Министерството за Здравство и протоколот на ФФМ.

Дали е нормално на температури од +40 степени да се играат првенствени натпревари а размакот од еден до друг натпревар да е само три дена.

ЗДРАВЈЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ И ФУДБАЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ ПРЕД СЕ!

Со почит,

ФК СИЛЕКС АД КРАТОВО