Фјури објави дека се повлекува од боксот
Поранешниот професионален светски шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, објави крај на својата спортска кариера.
Во видеото кое трае 18 секунди, снимено во автомобил, 36-годишниот Британец многу кратко рече: „Би сакал да го објавам моето повлекување од боксот. Беше одлично. Уживав во секоја минута од тоа и ќе завршам со ова – Дик Турпин (англиски одметник од 18 век кој е исклучително популарна личност во локалниот фолклор – н.з.) носел маска. Господ да ве благослови сите“.
Фјури ја заврши кариерата со 34 победи, од кои 24 со нокаут, едно реми и два порази во вкупно 37 борби. Неговите два порази дојдоа во последните два меча во 2024 година, кога се бореше со Украинецот Олександр Усик за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија, а потоа и во реваншот меѓу нив. Во двата случаи Британецот губеше на поени, а по вториот меч во декември навести дека веројатно ова му е последна борба.
Во минатото Тајсон Фјури веќе најави повлекување од боксот, но потоа се предомисли. Во 2015 година го победи Украинецот Владимир Кличко, по што три години не зачекори во рингот. Во април 2022 година, по неговата победа над Дилијан Вајт, „Кралот на циганите“ објави дека се пензионира, но само седум месеци подоцна се врати во рингот за да го победи Дерек Чисора. Неговата последна победа дојде над Камерунецот Френсис Нгану на 28 октомври 2023 година.
Ново на Сител
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим